Маруан Фелаини е подготвен да си замине од Манчестер јунајтед и својата кариера да ја продолжи во шампионатот на Турција. Ова денеска го потврди спортскиот директор на Галатасарај, Ченк Ергун, кој објави дека преговорите со белгискиот репрезентативец се наоѓаат во завршна фаза.
„Преговаравме со Фелаини и со Бен Арфа. Белгиецот сигурно ќе си замине од Манчестер јунајтед, очекувам наскоро да ни се приклучи. Неопходен ни е играч со неговите квалитети, особено во средниот ред каде сме дефицитарни“ – изјави челникот на Галатасарај.
Се очекува Манчестер јунајтед да заработи околу десет милиони евра од продажбата на овој фудбалер, кој во секој случај не е стандарден првотимец кај Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА