Фелипе Андерсон потпиша за Вест хем

Англискиот премиерлигаш Вест хем го ангажираше Бразилецот Фелипе Андерсон од Лацио како најскап трансфер во историјата на клубот. „Чеканите“ платија 35 милиони фунти отштета, а Андерсон потпиша четиригодишен договор со клубот од Лондон.

Андерсон е седмото засилување за Вест хем ова елто, после Иса Диоп, Андриј Јармоленко, Лукаш Фабијански, Фабиен Балбуена, Џек Вилшир и Рајан Фредерикс. Со овие нови имиња, јасно е дека Вест хем ќе има конкурентен тим за новата сезона во Премиер – лигата.

Се вчитува...