Фелипе го „пецна“ Вардар: Доаѓам во најдобриот клуб во земјата

Хуан Фелипе го напушти Вардар за трансфер во лутиот ривал Шкендија, но Бразилецот уште повеќе ги налути приврзаниците на скопските „црвено-црни“ со првата изјава дадена како член на тетовскиот клуб.

„Горд сум што доаѓам во најдобриот клуб во земјата“ – порача Фелипе.

Воедно,  бразилскиот плејмејкер упати низа комплименти на адреса на навивачите на Шкендија.

„Конечно сум играч на Шкендија. Играм долго време во Македонија и секогаш кога сум настапувал во Тетово против Шкендија, сум чувствувал позитивни вибрации од публиката. Тие секогаш му даваат огромна поддршка на својот тим, сега со нетрпение очекувам да ја почнам новата авантура“ – порача Фелипе.

Се вчитува...