Фелипе и официјално во Вардар: Се чувствувам како никогаш да не сум заминал

Во Вардар се врати бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Алвес Рибеиро. Добро познато име на навивачите и симпатизерите на црвено-црните. По неполна една година настапи во Казахстан во тимот на Каират, Фелипе денеска и официјално повторно е дел од „црвено-црните“, откако по потпишувањето на договорот, стигна и потребниот сертификат со што се стекна со право за настап уште на првиот меч во пролетниот дел од сезоната.

Фелипе потпиша договор до крајот на сезоната, со надеж дека соработката ќе продолжи и понатаму.

„Иако десетина месеци не бев дел од Вардар, се чувствувам како никогаш да не сум заминал.  Ова е мојот дом, го сакам клубот, ги сакам навивачите „Комити“ од кои верувам дека ќе ја имаме поддршката на секој натпревар. Се враќам во добро позната средина. Гледам дека се сменија некои работи од минатата година до сега, сепак, добро се познавам со дел од играчите. Верувам дека повторно одлично ќе соработуваме, и се надевам на добри игри“, рече Фелипе по денешната промоција.

Бразилецот верува дека Вардар може да дојде до титулата, која ја освојуваше додека беше дел од нашиот клуб.

„Се вратив за повторно да се обидеме да дојдеме до титулата, и да ја вратиме таму каде што припаѓа. Ќе биде тешко во пролетниот дел, но ќе се бориме, и јас се надевам и посакувам со добри игри и со добри резултати, повторно да бидеме на првото место на крајот од сезоната. Некои од играчите се нови, јас не ги знам, меѓутоа поголемиот дел ги познавам. Вардар има квалитет, Вардар секогаш оди на победа, на прво место, и така ќе биде и во овој втор дел од сезоната“, изјави Фелипе.

Се вчитува...