Фелипе Кутињо во Ливерпул до 2022 година

Навивачите на премиерлигашот Ливерпул можат да бидат смирени затоа што денеска еден од најдобрите играчи на тимот, Фелипе Кутињо, стави потпис на нов петгодишен договор со екипата од „Енфилд роуд“.

За него сериозен интерес постоеше од Барселона, но по ваквиот развој на настаните, тимот од Шпанија сигурно ќе се насочи кон ангажман на други фудбалери. Бразилецот е среќен поради тоа што ќе остане во тимот и во наредниот период и верува дека ќе оствари успеси со „црвените“, а ќе стори се да ја оправда укажаната доверба.

„Среќен сум што и во иднина ќе го носам дресот на Ливерпул. Многу сум благодарен на овој клуб и ќе работам напорно да постигнувам што подобри резултати. Голема е честа за мене што ќе останам дел од екипата. Последните неколку натпревари не беа добри, но подготени сме повторно за борба“ – истакна Кутињо.

Со новиот договор, Фелипе Кутињо ќе заработува по 150.000 фунти седмично, а интересно е тоа што во новиот договор не е вградена откупна клаузула, што е лоша вест за клубовите кои го посакуваат играчот во своите редови.

Се вчитува...