Фелипе Луис назначен за нов тренер на Монако

Фелипе Луис, екс играчот на Атлетико Мадрид, почнува нова ера како тренер. Откако направи големи успеси со Фламенго, сега го презеде кормилото на францускиот тим Монако.

41-годишниот Луис со Фламенго го освои Бразилскиот Куп, Супер-купот на Бразил, Кампеонато Кариока во 2025 година, Бразилското првенство во 2025 година и престижниот Копа Либертадорес во 2025 година , постигнувајќи рекорд од 62 победи , 21 нерешено и 16 порази во две сезони на чело на првиот тим.

„АС Монако со задоволство го најавува доаѓањето на Филипе Луис како главен тренер, што го означува почетокот на нова ера. 40-годишниот Бразилец потпиша договор до јуни 2028 година со клубот“, соопштија од Монако.

Се вчитува...