Фелипе Паулиста, уште едно бразилско засилување за Македонија ЃП

Македонија ЃП и официјално промовираше уште едно бразилско засилување во своите редови за новата натпреварувачка сезона.

„Лавовите“ се одлучија да потпишат договор и со Луис Фелипе Паулиста кој ќе биде петто засилување пред стартот на прволигашката сезона. 24-годишниот Паулиста е офанзивец кој со Македонија ЃП потпиша договор со јануари 2020 година.

Македонија ЃП новата натпреварувачка сезона ја стартува в недела од 17 часот гостувајќи на Академија Пандев на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Се вчитува...