Фелипе потпиша за Вардар: Следните шест месеци повторно во „црвено-црно“

Бразилецот Хуан Фелипе потпиша шестмесечен договор и се враќа во најтрофејниот македонски клуб Вардар. Раководството на клубот му понуди соработка до крајот на сезоната, а одличниот играч за врска, кој имаше забележителни настапи во македонското првенство и во групната фаза од Лигата на Европа, одлучи повторно да го облече „црвено-црниот“ дрес.

Фелипе наредните денови ќе им се приклучи на своите нови – стари соиграчи и ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Васоски, кого добро го познава затоа што во тој период беше асистент на Гоце Седлоски и на Чедомир Јаневски.

Бразилецот од Вардар се раздели со спогодбен раскин на договорот поради неисплатени средства, замина во Каират во Казахстан, но сега соработката повторно е обновена. Со ангажманот на Фелипе, вардарци значително го засилуваат составот за вториот дел од шампионатот на Македонија.

Се вчитува...