Фелипе потпишува за Шкендија

Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе, кој во изминатиот период беше главен креатор на играта на Вардар, ќе потпише договор со македонскиот првак Шкендија. По повеќенеделни преговори се очекува одличниот играч за врска да стави потпис на едногодишна соработка со клубот од Тетово, со опција за уште една дополнителна сезона.

Хуан Фелипе во 2015 година дојде во Вардар од ЦСКА Софија и се наметна како еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат. По три сезони замина во Каират (Казахстан), а потоа повторно се врати во Вардар во вториот дел од минатата сезона. Вкупно, во дресот на Вардар одигра 105 натпревари и постигна 28 гола.

Фелипе нема да биде регистриран за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите против Номе Калју, но треба да биде навреме пријавен за евентуалното второ коло и дуелите со Селтик/Сараево.

Се вчитува...