„Фемили“ победи: Кога ќе игра МЗТ – нема црвена боја (ФОТО)

Почнувајќи од вечерашниот дуел со Црвена звезда (18 часот) во склоп на 17. коло од АБА-лигата, црвени столчиња во салата „Јане Сандански“ кога своите натпревари ги игра тимот на МЗТ Скопје – ЌЕ НЕМА, објави МЗТ Скопје Аеродром на својот официјален сајт. Црвената боја е асоцијација за големиот кошаркарски ривал, Работнички.

Веќе засилено се поставуваат прекривки врз седиштата, кои во минатото беа камен на сопнување во односите со навивачката група „Фемили Аеродром“. До дуелот со актуелниот првак во регионалното натпреварување, половина од црвените столчиња ќе бидат покриени, додека остатокот од оваа задача ќе биде завршен до една од следните домашни средби на нашиот тим.

„Со ова е исполнето и последното барање на нашите најверни фанови од страна на новата управа на клубот, за нивно враќање онаму каде што им е местото – на трибините во спортскиот комплекс во Аеродром“, велат од МЗТ Скопје Аеродром.

Се вчитува...