Фенер ја доби „војната“ со Олимпијакос, Реал го реши и Химки

Фенербахче уште повеќе ја продлабочи кризата на Олимпијакос, славејќи сред Атина со минимални 72-73, за трет пораз во низа на тимот предводен од Дејвид Блат. Пресметката меѓу двата поранешни европски шампиони мина во извонредна борба на теренот, во која на крајот сепак поумешни беа избраниците на Жељко Обрадовиќ.

Олимпијакос има за што да жали бидејќи домашниот тим имаше последен напад од 13 секунди, но Вилијамс Гос го промаши шутот за победа, „црвено-белите“ имаа и втора шанса по офанзивниот скок на Милутинов, но српскиот центар од идеална позиција не успеа да ја смести топката низ мрежата.

Слукас постигна 20 поени против својот поранешен клуб, 16 беа дело на Мехметоглу, додека најдобар стрелец на Олимпијакос при денешниот пораз беше Папаниколау со 18 поени, сите постигнати во второто полувреме.

Реал Мадрид ја забележа и седмата победа во низа сезонава, триумфирајќи пред своите гледачи против Химки со 79-74. Рускиот тим настапи без Алексеј Швед, но и во отсуство на својот најдобар играч три четвртини одлично му парираше на актуелниот првак. „Кралевите“ издоминираа во последните десет минути и стигнаа до нов двоцифрен триумф, во кој најефикасни беа Керол со 15 и Козер со 13 поени.

Се вчитува...