Фенер со Ван Перси и Валбуена, Вардар со Џигаури место Којашевиќ

Познати се почетните состави за реванш натпреварот од плеј-оф рундата за пласман во групната фаза од Лигата на Европа меѓу Фенербахче и Вардар во Истанбул.

Фенербахче става се на една карта, па во нападот ќе стартува со Робин Ван Перси и Валбуена, а со останато во голема мера очекувано во тимот на Ајкут Кочаман.

Чедомир Јаневски се одлучи за три измени во однос на тимот во Скопје. Сосема очекувано место „поцрвенетиот“ Бобан Грнчаров во одбраната ќе игра Дарко Велковски, на левата бековска позиција нема да го има Бесир Демири туку Владица Брдаровски, и на крилната офанзивна позиција место Којашевиќ ќе биде грузискиот интернационалец Џигаури…

sostavi

Се вчитува...