Фенер загуби во шокантна завршница: Две тројки на двете страни во последните 4 секунди за триумф на Зенит

Во крајно драматичен натпревар со шокантна завршница и две тројки на двете страни во последните четири секунди, кошаркарите на Фенербахче сосема неочекувано загубија со 81-84 од Зенит на домашен терен во 15. коло од Евролигата.

И покрај тоа што турскиот тим имаше предност во поголемиот дел од натпреварот, дозволи на крајот гостите да стигнат до пресврт и заслужен триумф со тројката на Албиси на три секунди пред крајот на дуелот. Фенербахче на полувремето имаше предност од пет поени, беше блиску до победата но не успеа да ја реализира.

Интересно, Турците на четири секунди стигнаа до израмнување од 81-81 со тројката на Костас Слукас. Кога се чинеше дека мечот ќе има продолжение, по само секунда игра по тајм-аутот Албиси постигна тројка за триумф на Зенит.

 

Најефикасен во победничкиот тим беше Матеуш Понитка со 16 поени, дополнети и со осум асистенции, а Ендрју Албиси и Густаво Ајон постигна 12 поени. Кај Фенербахче се издвоија Џефри Лаверњ со 18 поени и Никола Калиниќ со 16 постигнати поени.

Се вчитува...