Фенербахче бара ас на Интер во размена за Елмас

Фенербахче е подготвен за сериозни разговори за испраќање на Елиф Елмас во Интер, откако турскиот клуб побарал еден играч на „нероаѕурите“ да замине во спротивен правец во Истанбул како дел од трансферот на македонскиот репрезентативец. Италијанскиот гигант е подготвен да плати околу 20 милиони евра за да го доведе Елмас на “Џузепе Меаца“, но Фенербахче сака покрај пари да го добие и Бразилецот Миранда.

Екс-фудбалерот на Атлетико Мадрид сезонава игра во променлива форма и се најавува дека ќе го напушти Интер, а Фенер сака да ги искористи преговорите за Елмас за да го добие Миранда во своите редови. Имено, летово од Истанбул ќе си замине искусниот Мартин Шкртел, а челниците на Фенербахче сакаат токму Миранда да биде „командант“ на одбранбената линија на турскиот гигант за наредната сезона.

На потег е Интер, чии директори настојуваат што поскоро да го комплетираат трансферот на Елмас, во ситуација кога за „македонскиот дијамант“ сериозен интерес покажуваат и Лацио, Фиорентина, Тотенхем и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...