Фенербахче без четири кошаркари на мегдан со Партизан

Фенербахче утре му гостува на Партизан во новата рунда од Евролигата, а турскиот тим пристигна сериозно ослабен во Белград откако од комбинација за настап отпаднаа четири кошаркари.

Во експедицијата за Белград го нема српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ поради болка во коленото, бековската линија ќе биде дополнително ослабена со неиграњето на Ник Калатес, а во составот на Фенер ќе ги нема ниту крилниот кошаркар Дејшон Пјер и центарот Сертач Шанли.

Без оглед на проблемите на противникот, Жељко Обрадовиќ јасно стави до знаење дека Партизан ќе има тешка задача на утрешниот дуел.

„Секое отсуство е тешко, тие ќе бидат без четири кошаркари и тоа сигурно ќе е проблем за нивниот тренер. Од друга страна, Фенербахче има толку широк ростер што верувам дека сепак ќе биде добро покриен на секоја позиција. Ние мораме да одиграме максимално ако сакаме да славиме“, изјави Обрадовиќ, кој повторно нема да може да смета на капитенот Кевин Пантер.

Се вчитува...