Светската фудбалска куќа (ФИФА) му изрече сериозна дисциплинска санкција на турскиот гигант Фенербахче, ставајќи го клубот на ажурираната листа на санкционирани субјекти поради нерешени финансиски обврски.
Според одлуката, на истанбулскиот тим му се оневозможува регистрација на нови фудбалери во следните три трансфер периоди. Оваа блокада ќе остане на сила се додека раководството на клубот во целост не ги подмири долговите кон доверителите.
Од ФИФА засега не го откриваат точниот износ на долгот, ниту пак идентитетот на страните кои ги поднеле барањата за наплата. Според важечките регулативи, суспензијата ќе биде укината веднаш штом Фенербахче ќе ги исплати заостанатите обврски. Сепак, секое евентуално доцнење со исплатата сериозно би ги загрозило претходно планираните и договорени ангажмани на нови засилувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
