Фенербахче доживеа срам од Милано, Зенит подобар од Олимпијакос

Италијанскиот Милано го „посрамоти“ турскиот великан Фенербахче откако го декласираше на гостински терен со 43-68. Домаќините ја одиграа една од најслабите први четвртини во историјата на Евролигата во која постигнаа само три поени (3-22).

Откако натпреварот беше решен уште на самиот старт, Италијанците до крајот само рутински го приведоа до самиот крај. Шилдс со 13 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Пиера заврши со 12 поени.

Зенит славеше над Олимпијакос со 84-78, а вечерва уште играат и Монако – Баерн Минхен и Реал Мадрид – Жалгирис Каунас.

 

 

 

Се вчитува...