Фенербахче „дрма“ во Евролигата: Турците ја освоија Атина, ЦСКА загуби од Басконија

Кошаркарите на Фенербахче и натаму продолжуваат со сигурните игри во Евролигата, триумфирајќи на гостувањето против Панатинаикос во Атина со 69-81 во 11. коло.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ се чини лесно стигнаа до победата, иако беше главно остварена со одлично одиграната последна четвртина.

Најефикасен во редовите на Фенербахче беше Никола Калиниќ со 18 поени, а Јан Весели мечот го заврши со 15 поени, седум асистенции и пет скока. Во поразениот тим најефикасен беше Ник Калатес со 14 поени.

Фенербахче сега е осамен на врвот од табелата со десет победи и само еден пораз, откако ЦСКА Москва загуби на гостувањето од Басконија со 76-73.

Токму по овој пораз, ЦСКА остана на девет победи сега со два порази.

Се вчитува...