Лесно може да се случи Фенербахче и во новата сезона да има македонски фудбалер во своите редови откако турскиот гигант покажал сериозен интерес за Дарко Чурлинов. Според CNN Turk, челниците на Фенер ги следат настапите на младиот Македонец, кој лани имаше блескава сезона во У19 лигата на Германија.
Неговите 18 погодоци беа доволна препорака за Чурлинов да го привлече вниманието на Фенербахче, но и на тренерот на првиот тим на Келн, кој го повика македонскиот голгетер со најдобрите играчи за време на летните подготовки. Чурлинов постигна неколку погодоци на контролните средби на „овните“, па се очекува да биде целосно прекомандуван во првата екипа.
Повикувајќи се на истиот извор, Македонецот има една година од актуелниот договор со Келн, па Фенербахче се уште нема донесено одлука дали ќе испрати понуда до германскиот прволигаш, или пак ќе се обиде да го договори Чулинов како слободен играч за следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА