Фенербахче го потпиша Ник Калатес, најдобриот асистент во историјата на Евролигата

Грчкиот кошаркар Ник Калатес и официјално стана играч на Фенербахче, соопшти турскиот клуб. Тој со тимот од Истанбул потпиша двегодишен договор.

И покрај тоа што беше пред „кам-бек“ во Панатинаикос, Калатес ја одбра Турција како негова следна дестинација, а пресуди неговата желба да работи со Димитрис Итудис.

33-годишниот кошаркар во просек постигнува по 7,3поени, 6,4 асистенции, 4 скока и 1,1, украдени топки во дресот на Барселона минатата сезона.

Стана лидер во Евролигата на сите времиња во асистенции, претекнвајќи го Василис Спанулис со вкупно 1711 асистенции во 281 меч.

Калатес професионалната кариера ја почна во Панатаниакос, а играше и за Локомотив Краснодар. Се „проба“ и во НБА во Мемфис Гризлис каде беше две сезони.

Се вчитува...