Фенербахче го продаде Елиф Елмас за 100 ПАТИ поголема сума по само две години

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас е на пат кон Италија, во Рим ќе ги мине медицинските прегледи и треба да стави потпис на петгодишен договор со Наполи. Трансферот е вреден 16 милиони евра, плус дополнителни 2 милиони евра како бонуси кои ќе бидат исплатени кога фудбалерот ќе одигра 50 натпревари во дресот на италијанскиот калчолигаш.

Елмас во 2017 година за само 180.000 евра од Работнички се пресели во Фенербахче. Се уште беше малолетен и мораше да наполни 18 години за да потпише професионален договор. Блесна во полн сјај, се избори за место во тимот и покрај многуте ѕвезди во составот на турскиот клуб.

По две години, Фенербахче го продаде за 100 пати поголема сума. Тоа е најскапиот излезен трансфер во историјата на Фенербахче и воопшто најскапиот во историјата на македонскиот фудбал.

Се вчитува...