Фенербахче го задржа најдобриот играч во Истанбул (ФОТО)

Фенербахче потфрли претходната сезона која ја заврши со „метли“ во четвртфиналето на Евролигата против ЦСКА Москва, односно Ефес во финалето од турското првенство, но истанбулскиот тим веќе работи за составување на тим кој ќе се врати на врвот на Европа.

По „чистката“ во која заминаа шест играчи претходната недела, сега Фенербахче започна со продолжување на договорите на оние кои ги исполнија очекувањата претходната сезона, а еден од нив е и Французинот Нандо де Коло. Бекот беше еден од предводниците на тимот со 15.8 поени, 3.9 асистенции, 3.2 скока и 1.4 украдени топки на 32 одиграни натпревари во најсилното европско кошаркарско натпреварување.

Се вчитува...