Фенербахче и Барселона продолжуваат да редат победи, Ефес ја продлабочи кризата на Макаби

Фенербахче ја запиша и четвртата победа во низа откако на домашен терен славеше со убедливи 75-53 над Басконија. Лидер на турскиот состав беше Нандо де Коло со 17 поени и 7 асистенции, а него го следеше Полонара со 15 поени. Кај гостите се истакна Енок со 14 поени и 8 скока.

До нов триумф стигна и екипата на Барселона која на гостувањето во Атина против Панатинаикос славеше со 82-85. Никола Миротиќ беше предводник на гостите со 20 поени, 7 скока и 4 асистенции, додека Немања Недовиќ беше најрасположен во редовите на грчкиот тим со 18 поени и 3 асистенции.

Серијата на порази на Макаби ја продлабочи Ефес кој славеше во Израел со 78-92. Домаќините немаа одговор за Шејн Ларкин кој со 26 поени, 6 асистенции и 6 скока беше лидер на турскиот состав, додека на спротивната страна 23-те поени и 6 скока на Анте Жижиќ не беа доволни за триумф.

Се вчитува...