Фенербахче ја прекина серијата на Басконија

Кошаркарите на Фенербахче славеа победа на гостувањето пртив Басконија со 69-83, во натпреварот од 10 коло во Евролигата. За турскиот тим ова е петта победа со која фака првиклучок за врвот на табелата, а за Басконија прекин на серијата од три победи по ред.

Шпанскиот состав добро го отвори натпреварот и по првата четвртина имаше водство од 25-15. Но, во продолжението на мечот следуваше офанзива на Фенер и комплетен пресврт во наредните две четвртини кои турскиот тим ги доби со 12-26 и со 14-25. Избраниците на Жељко Обрадовиќ во последниот дел ја потврдија својата супериорност и ја потврдија победата.

Џејмс Нунали постигна 16 поени и две асистенции, а Костас Слоукас заврши со 14 поени и пет асистенции во триумфот на Фенербахче. Кај Басконија најпрецизен беше Торнике Шенгелија со 13 поени и две асистенции.

Гостинска победа во ова коло славеа и кошаракрите на Олимпијакос во дуелот со Валјадолид со 64-82. Грчкиот тим уште по првата четвртина се издвои во водство (13-20), домаќините го засилија темпото во втората четвртина и успеаја да ја намалат негативата. Но, Олимпијакос ја задржа предноста и контролата на играта до крај.

Костас Папаниколау запиша 13 поени и четири асистенции за Олимпијакос, а ефикасна партија кај домаќините одигра Ерик Грин постигнувајќи 26 поени.

Резултати 10.коло:

Анадолу Ефес – Милано 73-68

Кимки Бамберг 82-73

Макаби Тел Алвив – Жалгирис 81-74

Басконија – Фенербахче 69-83

Валенсија – Олимпијакос 64-82

Се вчитува...