Фенербахче ќе ја брани европската круна на Ф4 во Белград

Кошаркарите на Фенербахче по Жалгирис се вториот учесник на фајналфор турнирот во Белград откако вечерва славеа на гостувањето против Басконија со резултат 83-92, добивајќи ја оваа четвртфинална серија со 1-3. Извлекувајќи поуки од поразот од пред два дена, избраниците на Обрадовиќ овојпат одиграа како што им доликува на актуелните европски шампиони, доминираа од почеток до крај и заслужено стигнаа до пласман на Ф4.

„Сино-жолтите“ уште во раната фаза на натпреварот го наметнаа своето темпо, добивајќи ја првата четвртина со 19-25, за потоа уште повеќе да доминираат во вториот дел од мечот, добивајќи го со 13-23. Искусен тим како Фенербахче знаеше како да ја одржи оваа предност, не дозволувајќи им на шпанските кошаркари ниту за момент да се надеваат на камбек, се до конечните 83-92.

Гудуриќ беше во главна улога со 22 поени, еден помалку постигна Мели, а двоцифрен ефект имаше и Калиниќ со 13 поени.

Се вчитува...