Фенербахче конечно победи на гости, Басконија сигурна со Зенит

Турскиот Фенербахче стигна до првата победа на гостински терен сезонава во Евролигата, откако беше подобар против францускиот АСВЕЛ со 72-88. Избраниците во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да го добие мечот. Владимир Штимас со 21 поен и 8 скока беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај домаќините се истакна Дејвид Лајти со 18 поени.

Шпанската Басконија стигна до сигурен триумф над „фенерџијата“ Зенит со 67-57. Гостите беа подобар противник само во првиот период кој успеаја да го добијат со плус три 15-18. Во втората четвртина домаќините ја заиграа својата препознатлива игра во одбрана дозволувајќи му на противникот само 10 поени, и на полувреме заминаа со предност од 34-28. До крајот го контролираа мечот за конечен триумф од 67-57. Шенгелија со 20 поени беше прво име кај победниците, додека кај Русите Густаво Ајон го заврши мечот со 18 поени.

Се вчитува...