Фенербахче конечно победи, Теодосиќ не можеше сам против Жалгирис

Фенербахче ја прекина серијата од пет порази во Евролигата откако турскиот гигант успа да слави во драматична завршница на гостински терен против Панатинаикос со 88-94. ПАО се наоѓаше на работ на победа, на триесетина секунди до крајот имаше пет поени предност, но Фенер со тројката на Гудуриќ го одведе мечот во продолжение, за во дополнителените десет минути да стигне до триумф.

Хејс со 24 поени беше најефикасен во таборот на Фенербахче, по 14 постигнаа Мотли и Гудуриќ, додека прв стрелец на Панатинаикос беше Бејкон со 27 поени.

Жалгирис ја продолжи серијата добри игри, славејќи и на гостувањето против Виртус Болоња со резултат 77-87. Гостите од Литванија ја добија првата четвртина со 13-24, Виртус предводен од Теодосиќ успеа да се врати, но Шмитс беше најрасположен во завршницата и ја донсе победата на Жалгирис. Шмитс и Браздеикис беа најефикасни во таборот на Жалгирис со по 17 поени, додека на домаќините не им помогна ниту маестралното издание на Теодосиќ, кој оствари дабл-дабл од 21 поен и 12 асистенции.

Алба по прекинот на долгата губитничка серија повторно игра одлична кошарка, па германскиот гигант вечерва славеше над Милано со убедливи 83-63. Плејмејкерите беа во главна улога, Ло постигна 17, а Смитс 16 поени за Алба во овој голем триумф на берлинскиот клуб.

Се вчитува...