Фенербахче не запира: Офанзива по Маркус Рашфорд

Раководството на Фенербахче делува помотивирано од било кога досега да состави моќен тим со кој би го симнал Галатасарај од тронот на турскиот фудбал.

За летово беше најавуван целосен ремонт во навалната линија што почна да се реализира, веќе е комплетиран трансферот на Гринвуд од Олимпик Марсеј, а сега вниманието е насочено кон уште еден врвен офанзивец – Маркус Рашфорд.

Англискиот репрезентативец имаше добра сезона во Барселона, па изненадување беше кога каталонците не ја искористија клаузулата од 30 милиони евра за да го откупат неговиот договор со Јунајтед. Рашфорд по завршувањето на СП 2026 треба да се врати во Манчестер, но Мајкл Карик не е особено воодушевен од ваквата идеја и би дал зелено светло за тој да си замине со пермаментен трансфер, па потоа парите да бидат пренасочени кон нови засилувања.

Фенер планира да ја искористи ситуацијата, отштета од 30 милиони евра нема да биде никаков проблем, па веќе е воспоставен и контакт со Рашфорд и неговиот агент. Голгетерот очекувано искажал максимална фокусираност на настапот на СП 2026, одлагајќи  ги сите конкретни преговори за по мундијалот, но извори блиску до него тврдат дека Рашфорд би бил заинтересиран за преселба во Истанбул доколку добие примамлива понуда.

Се вчитува...