Фенербахче не знаеше што го снајде во Белград, драмата во Валенсија за Реал Мадрид

Кошаркарите на Црвена Звезда убедливо го совладаа тимот на Фенербахче со 87-56 во осмото коло во кошаркарската Евролига. Турскиот тим не знаеше што го снајде во пеколот во Белград, додека „црвено-белите“ беа разиграни на крилата на Милош Теодосиќ дојдоа до третиот триумф во сезоната.

Речиси во ниту еден момент победникот не беше доведен во прашање, со оглед дека домашните се стекнаа со добра предност уште по првиот период (25-6), за на полувреме да заминат со предност од цели 19 разлика (45-26).

Фенер успеа да пружи отпор само во третиот период, но во чевртиот целосна доминација на Звезда, за убедлива победа на крајот. Царуваше Милош Теодосиќ со 18 поени, додека Боломбој постигна 14. Кај Фенер Хајс имаше 12 поени.

Драматично беше во Валенсија, каде што Реал Мадрид во финишот дојде до победа против домашниот тим. Во добар дел од натпреварот, Валенсија беше во предност, ја имаше и на стартот од последниот период од пет поени разлика, но ја прокоцка, а „кралевите“ благодарение на тандемот Дек – Кампацо, направи пресврт и стигна до победата. Дејвис кај Валенсија стигна до 22 поени.

Во италијанската пресметка, Виртус Болња стигна до победа над Армани Милано со 86-79. И покрај тоа што првиот период го загуби, домашните потоа се созедоа и дојдоа до триумфот.

Се вчитува...