Фенербахче од 0-3 до 3-3, АЕК без повредениот Тричко се „чекираше“ за КЛ

Фенербахче остана во игра за првата позиција на табелата во групата „Б“ откако негативата од 0-3 против Рен ја претвори во реми од 3-3. Турскиот состав губеше убедливо веќе во 30. минута, но до крајот преку Валенсија, Зајц и Мор успеа да стигне до голем бод па во последното коло ќе одлучува за директен пласман во осминафиналето.

Од истата група место во Конференциската лига потврди АЕК Ларника која настапи без македонскиот интернационалец Иван Тричковски. Кипарскиот состав беше блиску до победа со оглед на тоа што до 92. минута имаше предност од 3-2, но на крајот мораше да се задоволи со 3-3 против Динамо Киев и бод кој ја води во третото по ранг европско фудбалско натпреварување со оглед на позитивниот меѓусебен меч против Украинците.


Standings provided by Sofascore

Арсенал до последното коло ќе стравува за директниот пласман во осминафиналето откако ПСВ славеше со 2-0 на домашен терен. Со тоа холандскиот клуб ја неутрализираше негативата од еден гол од првата меѓусебна пресметка, а сега ќе чека нов кикс на „топџиите“ против Цирих за прва позиција во групата „А“.


Standings provided by Sofascore

Во останатите натпревари:

Лацио – Митјиланд 2-1
Лудогорец – Бетис 0-1
Малмо – Ројале Унион 0-2
Унион Берлин – Брага 1-0
Цирих – Бодо/Глимт 2-1

Се вчитува...