Фенербахче одби 8 милиони евра: Цената на Елмас е 23 милиони!

Извонредниот настап на Елиф Елмас на двомечот против Бенфика веднаш го привлече вниманието на европските клубови за македонскиот ас, па следеше и првата мултимилионска понуда за негов ангажман летово. Францускиот прволигаш Лион сериозно ги следи настапите на Елмас, а по одличните игри во квалификациите за ЛШ овој клуб испратил и официјална понуда. Како што јавуваат турските медиуми, таа изнесувала осум милиони евра, но била експресно одбиена од страна на Фенербахче.

„Лион понудил осум милиони евра, но не мина многу време за Фенер да ја одбие понудата. Ставот е јасен – Елмас е играч на Фенербахче, а ако некој сака да го доведе во своите редови ќе треба да ја активира клаузулата од 23 милиони евра“ – откриваат извори од управата на турскиот гигант.

Тренерот Филип Коку во Елмас гледа предводник на тимот за наредната сезона, во Фенер се убедени дека неговата цена дополнително ќе порасне низ стандардните настапи во турското првенство и во Лигата на Европа, па за очекување е македонскиот тинејџер да остане уште најмалку една година во Истанбул, а потоа да замине во посилна европска лига.

Се вчитува...