Турскиот гигант Фенербахче по лошата серија која ја заврши со „мелтли“ од ЦСКА Москва во четвртфиналето од Евролигата и Ефес во финалето од домашниот шампионат, направи „чистка“ во своите редови, а клубот од Истанбул сега започна со состаување на тимот кој повторно ќе атакува за врвот на Европа.
По продолжување на договорот со Нандо де Коло и потписот на Пиера Хенри, денеска тимот го објави и потписот на Ахил Полонара. Италијанецот во турскиот тим доаѓа од редовите на Басконија каде во дебитантската сезона во Евролигата бележеше просек од 12.2 поени, 6.6 скока, 1.9 асистенции и 1.2 украдени топки по натпревар.
Achille Polonara Fenerbahçe Beko’da! ✍️💛💙
👉 https://t.co/kq4tLuIhNx pic.twitter.com/OSxTovZzOl
— Fenerbahçe Beko (@FBBasketbol) June 29, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА