Фенербахче се „рехабилитираше“ со +39, победи и на Басконија и Макаби

Фенербахче успеа да ја прекине серијата од два пораза во низа со убедлив триумф над Уникс од 80-41. Турскиот тим победата ја најави уште во првата четвртина која ја доби со 21-8, а веќе на полувремето предноста изнесуваше 44-22. Добрата игра продолжи и до самиот крај за убедлива победа која за тимот од Истанбул е втора во Евролигата оваа сезона.

До втората победа во натпреварувањето стигна и Басконија која на гости славеше против Алба со 76-80. Гостите подобро го започнаа натпреварот и веќе на полувремето имаа предност од 29-52, а и покрај тоа што Германците одиграа подобро во продолжението од средбата, успеаја само да го ублажат поразот.

Рехабилитација од двата пораза во низа направи и Макаби кој на гостински терен против досега непоразениот АСВЕЛ славеше со 85-93. Израелците беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот, а во последната четвртина влегоа со двоцифрена предноста која ја задржаа и во поглемиот дел од последните десет минути.

Се вчитува...