Фенербахче се запозна со нашата арена (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на турскиот клуб Фенербахче го одржаа официјалниот тренинг на „Телеком арена“ и се запознаа со мегданот каде утревечер ќе ги пречека македонскиот првак Вардар, во рамките на првиот меч од плејоф колото од Лигата на Европа. Тренерот Ајкут Кочаман има на располагање силен тим, со неколку врвни ѕвезди, како Валбуена, Солдадо, Исла, Камени, но тоа не значи и дека однапред ја добиле битката со „црвено-црните“.

Се сеќаваме, и Трабзон дојде во Скопје со многу ѕвезди, па си замина поразен од Работнички. Зошто утре таков подвиг да не направи и Вардар…?!

[new_royalslider id=”737″]

Се вчитува...