Турскиот гигант Фенербахче би можел да го направи еден од најголемите трансфери во историјата на турскиот фудбал ова лето.
Според информации од Турција, клубот од Истанбул сериозно размислува да го доведе португалскиот репрезентативец Рафаел Леао, и наводно е подготвен да плати дури 50 милиони евра за неговиот трансфер.
Покрај високата отштета што би му ја понудил на Милан, Фенербахче наводно подготвил исклучително профитабилен договор за 26-годишниот крилен напаѓач. Според таа понуда, Леао би заработувал осум милиони евра по сезона, а договорот би бил потпишан на пет години.
Покрај основната плата, договорот вклучува бројни бонуси кои би можеле да го зголемат неговиот годишен приход за дополнителни четири милиони евра.
Ова значи дека Португалецот, доколку ги исполни одредени бонуси, би можел да заработи до 12 милиони евра годишно.
Рафаел Леао веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите офанзивни играчи во италијанската Серија А. Тој го носи дресот на Милан од 2019 година, а со својата брзина, техника и способност да решава натпревари, го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
