Фенербахче стави крај на црната низа, Жалгирис стигна до нова победа

Кошаркарите на Фенербахче ставија крај на серијата од четири порази во низа откако славеше над Монако со 96-86. Клучна за натпреварот беше одличната игра на турскиот состав во последната четвртина која ја доби со 33-23 за двоцифрена победа.

Марко Гудуриќ беше преводник на домашниот тим со 18 поени и 4 асистенции, а исто толку поени надополнети и со 10 скока додаде Јан Весели. Убедливо најдобар на мечот беше Мајк Џејмс кој постигна 31 поен, а додаде и 4 асистенции.

Жалгирис им се врати на победите откако славеше со 72-68 над Басконија. Лекавичиус беше предводник на литванскиот тим со 13 поени и 9 асистенции, а по 10 поени додадоа Калниетис и Небо. Кај гостите се истакна Енок со дабл-дабл од 13 поени и 10 скока.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...