Фенербахче „треснат“ во Милано, Басконија ја потврди слабата форма на Олимпијакос

Турскиот гигант Фенербахче потклекна на гостувањето кај италијанскиот Милано каде загуби со 87-74. Италијанците уште од стартот покажаа дека повеќе ја посакуваат победата добивајќи ја првата четвртина со плус девет 20-11. До крајот на полувремето ја зголемија предноста, а на одмор се замина со предност на Милано од 41-29. Во вториот дел домаќините го контролираа резултатот за конечна победа од 87-74. Најдобар поединец во Милано беше Серхио Родригез со 22 поени, додека Гуадитис уфрли 17. Кај поразените се истакна Весели и Ловерњ со по 14 поени.

Шпанска Басконија ја потврди лошата форма на Олимпијакос, совладувајќи го лесно со 82-66. Шпанците уште од самиот старт го контролираа мечот во кој во ниту еден момент не му дозволија на гостинот да се надева дека може да стигне до победа. Шенгелија со 25 поени беше прво име во победничкио табор, додека кај Олимпијакос единствен расположен беше Брендон Пол со 15 поени.

Се вчитува...