Фенербахче се согласи да потпише нов десетгодишен договор со Евролигата, па така актуелниот европски шампион ќе остане во ова натпреварување.
Оваа вест ја пренесува добро информираниот новинар, Арис Баркас. Според извештаите, Фенер наскоро ќе потпише нов договор со Евролигата, што би значело дека НБА Европа останува без еден од најголемите тимови и франшизи во Европа.
Се шпекулираше за евентуално заминување на Фенербахче од Евролигата, исто како што се зборуваше за Реал Мадрид. Судбината на тимот од Истанбул е позната, меѓутоа, судбината на мадридскиот клуб сè уште не е. Во моментов, не е познато ниту како ќе изгледа НБА Европа.
Фенербахче е актуелен шампион на Европа, а оваа сезона е и на врвот на табелата од регуларниот дел од натпреварувањето. Исто така, ќе биде интересно дали ова ќе биде повод и за други големи тимови да се приклучат на Евролигата во судирот меѓу оваа организација и НБА Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

