Фенербахче вторпат подобар од Басконија, на чекор до Ф4!

Кошаркарите на Фенербахче славеа против Басконија и во вториот меч од четвртфиналното разигрување во Евролигата, па по водство од 2-0 во серијата сега се само на чекор од Фајнлфор турнирот.

Турскиот тим вечерва во Истанбул славеше против Басконија со 95-89 во крајно неизвесен натпревар кој се одлучуваше во последните минути. Домашните кошаркари беа поприсебни во последната четвртина која ја добија со 24-21 па заслужено стигнаа до триумфот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Вејнмејкер со 19 поени, дополнети и со четири асистенции и три скока, додека Јан Весели постигна 16 поени. Кај Басконија се издвои Мет Џенинг со 17 постигнати поени.

Следниот натпревар меѓу двете екипи, по кој може да биде познат и патникот на Ф4, се игра на 24. април.

Се вчитува...