Фени чекори сигурно кон Супер-лигата

Фени индустри лесно и убедливо триумфираше на гостувањето против Охрид (86-191), за десетти триумф сезонава со кој кавадарчани направија уште еден чекор напред кон ппласан во Супер-лигата.

Охриѓани последен пат водеа во седмата минута, со минимални 12-11, потоа Фени ја заврши четвртината со водство од 14-20, за набрзо кавадарчани да стигнат и до првата двоцифрена предност на натпреварот. Наспроти бидите на домаќините за камбек, позитивата на гостинскиот тим од минута во минута се зголемуваше, а убедливото водство му овозможи на тренерот Малинков во финишот да им даде шанса и на помладите кошаркари и сепак да стигне до двоцифрена победа.

Фундербург со 23 поени беше прв стрелец на Фени индустри, по 16 постигнаа Јане Петровски и Мајер, додека најефикаен во таборот на Охрид беше Зафиров со 17 поени.

Се вчитува...