Фени го задржа и Пајиќ потпишаа и двајца млади кошаркари

Фени индустри полека, но сигурно се екипира за наредната сезона, потпишувајќи договори со тројца кошаркари кои и лани ги бранеа боите на кавадаречкиот клуб.

Предраг Пајиќ и во следната сезона ќе ги брани боите на Фени откако вечерва го стави својот потпис на новиот едногодишен договор, а заедно со него во Кавадарци и Никола Кицев и Милан Милков, млади и перспективни играчи кои сезонава би требало да имаат уште поголема минутажа кај тренерот Малинков.

За потсетување, кавадарчани претходно го договорија и останувањето на капитенот Јане Петровски, а потпишани се и договори со двајца Американци, Лук Мејер и Доминик Елиот.

Се очекува во следниот период Фени да потпише уште неколку домашни кошаркари, а прв на листата е Горјан Марковски, со кого преговорите влегуваат во завршна фаза.

Се вчитува...