Фени Индустри со победа над Пелистер ја почна 2019

Фени Индустри го победи Пелистер со 90-86 во првиот домашен кошаркарски натпревар за 2019 година. На отворањето на вториот дел од сезоната, кавадаречкиот состав беше сигурен во пресметката со претпоследнопласираниот тим за седмата сезонска победа.

Фени беше најсигурен во воведната четвртина која ја доби со 30-19, направи опиплива разлика и потоа само ја одржуваше предноста со финишот во кој Пелистер опасно се закани намалувајќи ја негативата само на два поени на една минута пред крајот благодарение на одличниот последен сегмент. Фени го одби нападот и дојде до триумфот.

Јане Петровски беше прв стрелец кај Фени со 23 поени, кај битолскиот состав Белер постигна 34.

Пелистер го претрпе деветтиот сезонски пораз и со само два тирумфа останува единствено подобар од последнопласираниот Шкупи.

Се вчитува...