Фени ќе биде уште посилен во 2019 година

Фени индустри се соочи со сериозни искушенија во годинава што изминува, но клубот од Кавадарци успеа да застане на здрави нозе, формиран беше ростер што бележеше добри резултати, па тренерот Малинков и неговите избраници се блиску до место во Супер-лигата.

„Можеме да бидеме горди на сработеното, ситуацијата беше далеку од посакуваната, најсилниот удар го издржавме во теекот на минатата сезона, а годинава веќе се консолидиравме и повторно имаме конкурентен ростер. Благодарни сме до сите оние кои дадоа поддршка на нашиот клуб како и на нашите верни навивачи“ – истакнува тренерот Љупчо Малинков.

Желба на сите во кавадаречкиот клуб е откако се застана на здрави нозе, во иднина да се тргне со големи чекори напред.

„Одиме чекор по чекор, но сигурно останува долгорочната цел за некоја година повторно да се бориме за највисок пласман. Моја лична желба е Фени да биде посилен во 2019 година, најпрвин да обезбедиме место во Супер-лигата, а потоа да видиме до кое место можеме да стигнеме до крајот на сезоната“ – вели Малинков.

Се вчитува...