Фени, по продолжение, ја освои Струмица

Фени Индустри успеа да слави на стартот од Плејаут лигата против Струмица со 81-86, а за триумфот мораше да одработи и продолжение, дополнителни пет минути на паркетот. Во регуларниот дел, мечот заврши 75-75, а кошаркарите на Струмица не искористија напад за победа.

Во еден неизвесен натпревар, на крајот сепак пресуди квалитетот на Фени. Со цврста одбрана во дополнителните пет минути, го ограничија домашниот тим на само шест постигнати поени и славеа заслужена победа.

Иван Сапунџиев беше стрелец на 19 поени во победничкиот тим, а еден поен помалку уфрли Јасмин Биберовиќ, кој беше најзабележлив токму во решавачките моменти. Мрѓан Мрковиќ од составот на Струмица беше најефикасен кошаркар на натпреварот со 23 поени.

Се вчитува...