Фени почна со потписи, прв капитенот Јане Петровски

Фени индустри го состави буџетот за наредната сезона, по што тренерот Малинков почна со преговори за составување на ростерот. Очекувано, прво на маса се седна со капитенот Јане Петровски, со кого беше договорено соработката да продолжи и во новата натпреварувачка сезона.

„Јане Петровски беше наш предводник минатата сезона и мило ми е што се договоривме да продолжиме со соработката“ – изјави тренерот Љупчо Малинков.

Во тек се разговорите со уште дел од домашните кошаркари од ланската сезона, а во следните часа се очекува и ангажманот на првите двајца странци, центри од САД кои ќе го понесат главниот товар во битката под обрачите.

Се вчитува...