Фени со висок лет преку Охрид до полуфинале во Купот

Фени Индустри на убедлив начин стигна до полуфиналето во Купот на Македонија, славејќи во втората четвртфинална пресметка против Охрид АВ со 112-69  (24-12,28-19,34-20,26-18).

Домашните кошаркари во својата сала во Кавадарци доминантно го почнаа дуелот, максимално агресивно уште од првата минута, па веќе по првата четвртина беше јасно кој ќе ја однесе победата.

Во продолжението само засилено се зголемуваше разликата за на крајот конечна победа од 43 поени разлика (112-69) против охриѓани.

feni so ohrid

Најдобар поединец во редовите на Фени беше Чешковиќ со 20 постигнати поени, 18 поени постигна Николовски, а 14 поени – Пајиќ. Во поразениот тим Американецот Брукс беше единствен расположен за игра со постигнати 37 поени, плус и 10 скока и 5 асистенции, а Михајловски го заврши натпреварот со 13 поени.

Прв полуфиналист во Купот на Македонија е Карпош Соколи, кој претходно славеше против Вардар.

Се вчитува...