Фени во последната четвртина го скрши отпорот на Пелистер

Фени индустри очекувано триумфираше во првото коло над екипата на Пелистер со 86-68, прокнижувајќи ги првите бодови во новата сезона.

Битолчани изненадија откако достојно се спротивставија во првите три четвртини, за во последните десет минути кавадарчани целосно да го скршат нивниот отпор и да слават со конечни 18 поени разлика.

Предраг Пајиќ беше прв стрелец со 22 поени, Јане Петровски забележа 17 поени, додека Американецот Фундербург оствари дабл-дабл од 15 поени и 10 асистенции. Најзабележителни во редовите на Пелистер беа Џуморд со 21 и Трсунов со 15 поени.

Се вчитува...