Феникс 2010 и Работнички во квалификациите за ФИБА Еврокуп

Македонските прволигаши Феникс 2010 и Работнички официјално ќе настапат во квалификациите за ФИБА Еврокупот. За тоа тимот предводен од Денис Дервишевиќ ќе испише нова клупска историја со прв настап на интернационалната сцена, додека за нашиот најтрофеен тим тоа ќе значи камбек во европските натпреварувања по неколкугодишна пауза.

Покрај македонските тимови во квалификациите потврдено е и учеството на кипаркиот клуб Киварнос, чешкиот Пардубице, естонскиот Парну Садам, францускиот Гравелин, германскиот Рошток, грчкиот Аполон Патра, чешкиот Спојниа Старград, португалскиот Порто, романските Рапид Букурешт, Крајова и Сибиу, азербејџанскиот Сабах, шведскиот Борас, финскиот Катаја, турскиот Маниса и унгарскиот Корменд со што во квалификациите остануваат уште пет слободни места.

Ждрепката која ќе ги одлучи противниците на Феникс 2010 и Работнички ќе се одржи на 8. август, а квалификациските турнири се предвидени за крај на месец септември.

Се вчитува...