Феникс 2010 се засили со американски центар (ФОТО)

Новалијата во Првата лига, Феникс 2010 во продолжението од сезоната ќе може да смета на услугите на Давид Онуорах. 26-годишниот центар во македонското првенство доаѓа од редовите на Нови Пазар каде ја започна оваа сезона.

206 сантиметри високиот Американец потекнува од Универзитетот Конектикат, а со себе носи и европско искуство бележејќи настапи во Данска и Црна Гора. Тој е четвртиот странец во редовите на скопскиот тим кој е пријатно изненадување во сезоната и по шест одиграни кола има биланс од три победи и три порази.

Се вчитува...