Феникс 2010 се засили со Чарлс Фалден (ФОТО)

Сензацијата на минатогодишната сезона во Првата кошаркарска лига, Феникс 2010 започна со составување на тимот за новата сезона. Откако го договори првото засилување Славчо Темелковски, денеска го донесе и првиот странец.

Станува збор за Американецот Чарлс Фалден кој во македонското првенство доаѓа од НЦАА лигата и Универзитетот Џејмс Медисон каде бележи просек од 9.7 поени, 3.2 скока и 1.2 асистенции по натпревар.

Бекот висок 190 сантиметри претходно во универзитетската кариера четири години настапуваше за Универзитетот Винтроп и се очекува да биде големо засилување за скопскиот тим.

Се вчитува...